Единствен сигурен
влез во топ 10%
претпрпемачи
Ти помагам да изградиш победнички бизнис идентитет
и престанеш да играш на ситно!
Нема време за губење...
ЗЕМИ ЗАЛЕТКога ќе ја достигнеш горната граница едноставно стагнираш
Ова е моментот кога долго време:
- се преиспитуваш и си велиш дека мора да постои нешто повеќе
- чувствуваш тензија и притисок во главата, бидејќи не можеш се да завршиш
- дека е време малку да работиш попаметно и се одмориш
- кога гледаш дека други имаат и живот и бизнис
- кога се плашиш да превземеш повеќе работа
- кога понеделник и петок ти се идентични
- немаш веќе енергија, ентузијазам како порано
- кога ти е веќе преку глава прв да доаѓаш и последен си заминуваш
- немаш волја за продажни разовори оти ти е смачено да слушаш исти глупости
Веќе не поставуваш ниту цели, ниту приоритети, бидејќи не веруваш во нив.
И зошто би кога се нешто се појавува што ти го пореметува планот.
Програм кој ќе го промени твојот идентитет од вработен во своја фирма кон претприемач
Во бизнисот како и во животот, секогаш постои потреба да одиме на следно ниво. Да секогаш сме во процес...
Една задоволена потреба, раѓа нова!
Едно завршено поглавје не носи кон следно...
Ако не направиме нешто различно, тоа може да се претвори во ноќна мора и да се вртиме долго во круг, што е исцрпувачко.
Токму затоа, обврска на секој претприемач е секогаш да бара поинакви решенија и постојано инвестира во неговиот ум.
Луѓето, околностите, состојбата на сметка се огледало на твојата состојба во умот
Aко некој ми речеше пред една година дека ќе излезам 100% од оператива ќе речев нема шанса
Долго време размислував дали да се пријавам, бидејќи не ми беше сеедно кој се ќе биде во програмот. Сега сваќам дека тоа биле само мои предрасуди.
Групните разговори ми значеа највеќе. Кој што го мачи, на кој проблем е фокусиран, што мисли дека сватил..
Кога си сам си еден, а кога си во група гледаш што се случува. Веднаш добиваш одговор дали добро сум разбрала. Сфаќаш дека нема ништо погрешно, туку само се надградуваш уште повеќе и ја зголемуваш визијата што си ја имал. Ова е важно бидејќи секој од нас кога е сам со себе се лимитира!
Секоја фаза во бизнисот бара поинаков пристап. Ништо не е случајно!
На почеток тоа е борба со клиенти, борба за да успее и преживее...
и додека сме трепнале, поминале година, пет, десет...
Фирмата не е иста, обемот на работа не е ист, одговорноста е поголема, тимот е поголем, но дали си во можност сето ова да го испратиш?
Можеш ли да правиш стратешки планови и водиш бизнис, ако и понатаму си оперативец кој гаси пожари.
Можеш ли уште да одиш на продажни разговори на кој однапред знаеш што ќе слушнеш: да размислам, ќе ти се јавам, дајми време, пратими понуда...
Тоа е горната граница поради која веќе не можеш да растеш и се шириш.
Дозволи си себе воздух да дишиш слободно во мир.
Работа на себе не значи да се менуваш од корен, туку добро да се преиспиташ, запознаеш и се прифатиш. Го откриеш твојот скриен потенцијал, пристапувајќи до твоите ресурси кои веќе ги имаш. Твојата црна кутија е твојот потенцијал во која се наоѓаат одговорите и решенијата за успех!
Ако добро размислиш, погледнеш во твојата црна кутија и си искрен со себе, ќе забележиш дека истите проблеми ти се повторуваат повеќе пати.
Тоа значи дека можеш да останеш засекогаш во тие проблеми, доколку не ги промениш од корен!
Програмот “Земи залет“ се состои од:
1. Kajаbi едукативна платформа
База со видео тренинзи поделени по модули
2. Неделен групен Coaching
Одговарам на ваши прашања и споделуваме одговори на заеднички вежби
3. Заедница на претприемачи
Група на поддршка каде споделуваме прашања, одговори, искуства...
На што ќе работиме следните 3 месеци:
Стратегиско планирање
Бизнис мајндсет
Извршување
Најчесто поставувани прашања
Дали овој програм е за мене ако не сум на почеток
Како ќе пристапам до програмот
Дали доколку пропуштам некој тренинг ќе можам да го гледам
Дали можам да поставувам прашања
Дали и по завршувањето ќе имам пристап до платформата?
Дали ќе има едукација и за продажба?
Програмот е концепиран да излезеш со ПОСТИГНАВ, а не научив да...
Ова е само дел од тоа што ќе постигнеш:
➤ 100% излез од оператива, освен ако тебе ти е задоволство
➤ Телефонски јавувања и препрашувања сведени на нула
➤ Работа според твое индивидуално темпо и план кој се остварува, без чувство на грижа
➤ Слобно време за бавење со клучни задачи на бизнис кои носат огромен резултат
➤ Точно ќе знаеш кој е за, а кој не е за во твојот тим
➤ Ќе можеш да регрутираш прави луѓе со победнички мајндсет, затоа што сега ти имаш таков мајндсет
➤ Календарот и роковникот ќе ти бидат однапред испланирани за цела следна година
➤ Зголемена лична и тимска продуктивност
➤ Ќе ти се врати еланот, енергијата и мотивацијата за развој и продолжиш онаму каде што застана
МОЖЕБИ НАЈВАЖНОТО!
Ќе бидеш во мир и повеќе се слушаш себе и твојата интуиција, а не што другите мислат дека треба или се плашиш да донесеш одлуки:
- да не го изгубам клиентот ако ги покачам цените
- да не го изгубам клиентот ако зборувам што чувствувам
- да не ми заминат вработените ако бидам по директен
- да не згрешат вработените ако не ги контролирам
- ако барам дисциплина и одговорност да не почнат да прават саботажи
ТВОЈ БИЗНИС ТВОИ ПРАВИЛА. НЕ ГО ЗАПОЧНА БИЗНИСОТ ЗА ДА ГО КРОЕШ КАКО САКААТ ДРУГИ. ТОГАШ НЕМАШ БИЗНИС ПО ТВОЈА МЕРКА.
ИЛИ ГО КРОЕШ ПО ТВОЕ ИЛИ СИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАДОВОЛНИ, НО НЕ И ТИ!
Бизнисот е прекрасно место ако го направиш такво
Ми допринесе да имам повеќе време за да можам да размислувам, а не да сум впуштен во оператива како претходно
Милан Савов сопсвеник на маркетинг агенција Смарт Клик
Присутен сум на овој Mastermind од причина што претходно во бизнисот имав премногу обврски, кои што искрено, претходно не знаев како да ги приоритизирам. Со вежбите кои што ги имавме добив голема јасност кои се моите клучни активности, на што треба да јас да се фокусирам лично, како да делегирам подобро на тимот, како подобро да комуницираме и сето тоа ми придонесе да имам повеќе време и да можам реално повеќе да размислувам за самиот бизнис, а да не сум впуштен во оператива како што правев претходно.
Со Александар соработуваме и на коучинг. Ми помогна многу и преку Mastermind и преку коучинг програмата да ги поставиме приоритетите и да го издигнам мојот бизнис на повисоко ниво.
Секој кој што има некаков проблем во бизнисот и сака да ослободи време кај него лично, да научи како подобро да делегира задачи, да ги определи своите клучни активности, топло го препорачувам и Mastermind програмот и Coaching програмот и Александар.
КАКО Е КОНЦЕПИРАН ПРОГРАМОТ
Едукативна платформа
Едукативна платформа на која можеш да пристапиш до видео тренинзи како и до снимки од тренинзите во живо.
PDF прирачници
Комплетен прирачник со вежби на кој можеш да се посветиш според твое темко кое ти одговара.
Менторски групен коучинг
Групни коучинг сесии на Zoom еднаш неделно.
Затворена заедница
Заедница со група на учесници кои се секогаш тука да ти дадат инспирација и поддршка
За да земеш залет - мора најпрво да се вратиш наназад
Александар Кочовски
Автор на програмот
Гледајќи како едни учесници на Мастермајнд програмот напредуваат, а другите сеуште се борат со верувања кои ги саботираат, носат терет од детство, од кога биле вработени или на менаџерски позиции, решив да го креирам овој програм кој ќе им помогне на луѓето трајно да го променат нивниот идентитет. Од вработен во своја фирма до претприемач.
Мајдсетот е клуч за здрав бизнис.
Едуцирајќи се за претприемништво и мсп консултант, работејќи на својот личен и деловен развој, почнав најпрво кај себе, а подоцна и кај другите да ги менувам верувањата кои ни се пренесувани со генерации и за кои не сме ниту свесни.
Тоа ми овозможи не само мене, туку и на стотици задовлни клиенти да живеат исполнет живот и креираат успешен профтабилен бизнис со нулта оператива.
За кого е овој програм?
За оној кој е свесен дека има проблем, бара решение и е подготвен да стори се како би го надминал проблемот.
За претприемач кој не може да заспие знаејќи дека може да постигне повеќе, но во овој момент не знае како.
За претприемач кој е одговорен, а одговорен значи човек кој е способен да даде одговор на ново настаната ситуација.
Нема никаква врска дали си на самиот почеток или долги години си во претприемништво. Ова е момент кога земаш залет за следна подобра сезона!
За оние кои:
◦ долго размислуваат и се колебаат која одлука да донесат
◦ одат на продажни разговори, а знаат како ќе завршат
◦ превземаат акција, но немаат некој посебен резултат за вложениот труд
◦ кога постојано размислуваат дека е време нешто да променат
◦ се прашуваат може ли поинаку? каде ли грешам?
◦ кои се плашат да деделат некому задача знаејќи дека ќе згрешат
За оние кои се СВЕСНИ дека проблемот кој го имаат не е од вчера и дека решавањето на проблеми, а не пикање под тепих е наша обврска како прв човек во бизнисот.
Се гледаме во програмот!