Што се би било
поинаку кога би
имал стабилен
бизнис?
.....постави цврсти темели во твојот бизнис и
ослободи се од оператива засекогаш
ПРИЈАВИ СЕ НА ЛИСТА НА ЧЕКАЊЕ
Колку и да си супер моќен и да имаш страст кон бизнисот, сепак не можеш да уживаш во него бидејќи:
01. Се трудиш постојано и превземаш премногу обврски - а немаш резултати колку што се вложуваш
02. Луѓето во тимот не се трудат доволно - иако ги имаат сите услови
03. Не можеш да најдеш - квалитетни луѓе за работа
04. Постојано си во недостаток - или луѓе за работа или клиенти. Се нешто недостасува
05. Свесен си дека нешто треба да промениш - но не знаеш од каде да почнеш
Не можеш да уживаш во работата и го напреднеш квалитетот на живот иако гледаш над хоризонтот, нема кој да те следи.
Можеби ќе ти звучи чудно, но секој бизнис е идентичен. (знам сега си велиш “да ама мојот бизнис е специфичен“ 97 од 100 го мислат истото)
“Ако сакаш да влезеш во оние топ 10% , тогаш мораш да направиш нешто различно од оние 90% чии бизниси се неликвидни, се борат за луѓе, за клиенти, не им стига денот и преживуваат месец за месец“
Успеав за многу кратко време да излезам 100% од оператива.
Ружица Николова сопственик текстилна компанија Вивитекс во Гевгелија.
Пред учество во програмот станував во 5 часот, правев набрзина план за клучни работи во денот и ако некој порано ми кажеше дека, ако не отвори прва и замине последна, нешто ќе се случи во фирмата. Ќе се симнев во оператива и гасев пожари.
Цело време си велев “мора да постои подобро решение од ова“ оти е не возможно да јас бидам на четири места.
На почетокот имаш ентузијазам, сила, храброст, но веќе гледаш од почеток до сега каде си стигнал, гледаш дека можеш повеќе од тоа.
Со поминување на годините силата ти се црпи и не си способен за поголем раст.
Сега секој менаџер си го води својот тим, имаме редовни состаноци, а јас сум целосно исклучена од оператива и имам време да се бавам со развојни проекти.
Premium Business Mastermind програмот содржи
Развојна стратегија
Луѓе
Извршување
Маркетинг
Продажба
Системи
Финансии
“БИЗНИСОТ Е КАНАЛ КОЈ НИ ГО ПЛАЌА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ “
Претприемачите кои сеуште се со работнички мајндсет повеќе ги вреднуваат парите од времето. Твојот час не вреди исто како на вработените. За големи промени потребно е експоненцијално размислување, а тоа го можеш само ако имаш време за размислување.
Ми допринесе да имам повеќе време за да можам да размислувам, а не да сум впуштен во оператива како претходно
Милан Савов сопсвеник на маркетинг агенција Смарт Клик
Присутен сум на овој Mastermind од причина што претходно во бизнисот имав премногу обврски, кои што искрено, претходно не знаев како да ги приоритизирам. Со вежбите кои што ги имавме добив голема јасност кои се моите клучни активности, на што треба да јас да се фокусирам лично, како да делегирам подобро на тимот, како подобро да комуницираме и сето тоа ми придонесе да имам повеќе време и да можам реално повеќе да размислувам за самиот бизнис, а да не сум впуштен во оператива како што правев претходно.
Со Александар соработуваме и на коучинг. Ми помогна многу и преку Mastermind и преку коучинг програмата да ги поставиме приоритетите и да го издигнам мојот бизнис на повисоко ниво.
Секој кој што има некаков проблем во бизнисот и сака да ослободи време кај него лично, да научи како подобро да делегира задачи, да ги определи своите клучни активности, топло го препорачувам и Mastermind програмот и Coaching програмот и Александар.
“Бавење со оператива е работнички мајдсет“
На што вложуваш внимание, тоа расте.
Дарко Костов - сопственик на Метал конструктион
“Највредната валута на секој претприемач е времето“
Не постои човек кој нема отпор кон промени.
Секој сака да продолжи по старо, а да добие подобри резултати. Но...
од тебе барам само да влезеш со отворен ум за да отфрлиме се што не функционира
Идентификувањето каде го насочуваш бизнисот и конкретните чекори бараат носење на нови одлуки како отфрлање на сите кои не се за тебе идеални, како и избор на луѓе на кои навистина можеш да им помогнеш и го правиш тоа со задоволство.
И за тоа ќе ти треба храброст, но не грижи се, сите сме го поминале тоа.
Ќе добиеш од мене поддршка, а и од останатите учесници.
Ќе ти помогнеме да креираш јасна ниша, скалабилна понуда и ќе те позиционираме за да бидеш лепак само за твојот идеален клиент.
Нема веќе трошење време на работи од ниска вредност за да ослободиш време да го подобриш квалитетот на животот.
Скалирање не значи повеќе работа. Луѓето кои размислуваат линеарно размислуваат: сега работам осум часа на ден. За да заработам х2, треба да работам х2.
Скалирање значи експанзија. Експанзија значи размислување х10, а за тоа треба повеќе слободно време.
Што веќе нема да се случува?
- Работа со клиенти кои само ти го трошат времето и ресурсите
- Бавење со оперативни задачи освен кога ти сакаш и ти причинува страст
- Препрашување постојано која задача и по кој редослед да се направи
- Што е договорено, а што не е со клиентите
- Дилема: дали да вработиш искусни или нови луѓе
- Да дознаваш изненадно кои луѓе ќе те напуштат, а кои ти се лојални
- Да ги гураш вработените да ја вршат работата за која се платени
- Спуштање и преговарање за цена веќе не е опција
- Губење време за изработка на понуди за да те споредуваат со други
- Да мораш сам постојано и од почеток да ги учиш вработените
- Да доаѓаш дома со чувство на незавршени задачи
- Да ги забораваш домашните обврски
- Одење на викенд или годишен одмор со чувство на грижа
- Семејството да те доживува како отсатен и незаинтересиран за нив
- Децата да растат, а ти да не ги гледаш
Но, сето ова за да се случи јас не можам сам без тебе!
Успехот е 50-50
Јас секогаш давам 100% и тоа е мојата половина.
Ако и ти се вложиш 100% ќе успееме. Ако јас вложам 50, а ти 5 промените ќе бидат 55.
Како ќе знам дали можам да ти помогнам?
За време на уписите ќе пополниш прашалник врз кој ќе проценам дали јас, ти и твојот бизнис сме добар фит за соработка.
Ова ми е важно бидејќи не влегуваш само ти, туку и твојот бизнис. Сакам да знам во која фаза се наоѓа твојот бизнис како би бил сигурен дека ќе се фклопиш во групата.
Најмалку што сакам е да бидеме раштиман оркестар во кој некој ќе има чувство дека е во градинка, а друг во научна обсерваторија.
На програмот примам луѓе исклучително за кои сум убеден дека можам да им помогнам преку овој начин на работа.
Еве со кои луѓе бирам да работам и на кои можам да им помогнам:
- Експерт си во областа, работата ти е страст и не гледаш како да го скалираш бизнисот
- Работаш со елан, но веќе си заморен и знаеш дека може попаметно
- Убеден си дека имаш добра услуга која реално им помога на луѓето, бизнисите
- Подготвен си да направиш прераспоред и одвоиш четири месеци за интензивна работа во мала група
- Подготвен си да се откажеш од работите кои веќе не функционираат
- Имаш отворен ум да прифатиш фидбек од ментор и направиш веднаш акција
- Свесен си дека без да направиш промена нема ништо да се случи
- Превземеш 100% одговорност за себе и својот бизнис
- Бидеш радознал и поставуваш прашања дури и ако ти е незгодно како ќе реагираат останатите
Секој започнува со бизнис од своја причина. Но, никој не започнува за да работи со луѓе и да менаџира.
Ретко кој претприемач имал прилика да работи за сериозна компанија во која можел да види како се поставуваат темели, системи, управување...
И тоа е најголемиот хендикеп. Одлична идеја, слаба реализација.
Но да бидеме реални!
За да заработиш две-три илјади евра не треба некоја наука, но ако сакаш да изградиш стабилен бизнис во кој ќе одиш со елан и имаш слбодно време за себе и семејството, за да се грижиш за здравјето, да се бавиш со хоби, спорт, дружење... и сите ситници кои го прават животот да биде интересен, потребно е поголем труд.
Затоа секоја среда имаме неделен групен коучинг кој уште го нарекуваме "Power Hours" како би одговорил на прашања, но и да слушнеш како другите одговориле на исти вежби.
Тука почнува магијата!
Мала група успешни претрпиемачи, со различно знаење и искуство кога споделуваат во група со тебе, а и ти со нив.
Некој е веќе успешен како Ружица која има 100 вработени и никој не напушта, СЕО експерт како Бранко кој работи со светски компании, лидер како Никола за чија услуга треба да чекаш ред, Инжењер како Дарко кој ја напушти работата и во два месеци изгради професионален тим и заработи неколку годишни плати, ќе слушнеш и како Лазе од обичен работник стана косопственик на огромна Шветска компанија која работи за Волво....
Затоа не верувам во унифицирано решение, формално образование и курсови.
Не може ист совет да важи и за некој кој е на почеток и за некој кој веќе е на некое друго ниво.
Тоа е она што ги буни интелигентните луѓе и бараат проблем каде што не постои.
Што уште ќе научиш и имплементираш
- Ре/дефинирање и формирање на неодолива понуда која ќе ти овозможи скалирање без дупло повеќе работа
- развојна бизнис стратегија за цела следна година
- како да продадеш повеќе на веќе постоечките клиетни
- ќе научиш HTC методологија за продажба која функционира дури и да не сакаш да продаваш
- јасно да комуницараш со тимот и клиентите
- ќе научиш и како да ги препозанеш типовите на личности до ниво на интуиција
- јасна стратегија при вработување каде што однапред имаш индикатор кој е добредојден, а од кој да се откажеш веднаш
- како да ја зголемиш тимската продуктивност без стрес и нервоза
- како да имаш 100% наплата
- ќе ги научиш и принципите, неопходни за твојот бизнис да биде подготвен за во следните 2-3 години генерира повеќе од 200.000 € годишно и преминеш во Lifestyle претприемач
- ќе научиш и имплементираш системи за да изградиш Self-Managing компанија
Можеби и најважното
Преобликување на бизнисот да ти служи, а не ти да му служиш нему
Кога започнавме бевме едни, а сега сосема други луѓе
Слободан Ризевски сопственик на логистичка компанија RR2 Infinitum.
Кај Александар дојдовме со повеќе проблеми меѓу кои потреба од време за себе, семејството и да излеземе во контакт со клиентите. Кога започнавме со програмот бевме едни луѓе, а сега сме сосема други луѓе и целосно мотивирани со поголем ентузијазам за работиа од пред почетокот. Времето оперативно за себе го намалив прилично, поставивме системи и почнаа работите да функционираат во добра насока и секако апетитите целосно се зголемија.
Сите претприемачи кои го достигнале својот максимум во својот капацитет, кои мислат дека се соочуваат со проблеми од аспект на капацитет, добро е да бидат во контакт со Александар. Со оглед на фактот дека многу работи се средуваат со квалитетни луѓе како што е Александар кој што со своите искуства и заедно со групата во Business Mastermind може да ви препорача решавање на проблемите, поставување на задачите и целосна координација на работата во вашата комапнија.
Мастермајнд програмот се состои од:
1. Kajаbi едукативна платформа
База со видео тренинзи поделени по модули
2. Групен Coaching среда од 20 до 22ч
Одговарам на ваши прашања и споделуваме одговори на заеднички вежби
3. Целодневен тренинг во живо
Еднаш месечно се собираме сите учесници во живо и работиме интензивно на твојот бизнис
4. Заедница на претприемачи
Група на поддршка каде споделуваме прашања, одговори, искуства...
5. Индивидуален Coaching
Ти помогам индивидуално кога ќе изготвиш план, а нешто не ти дава да исчекориш
Најчесто поставувани прашања
Кои се најчесто учесници на програмот
Колку долго остануваат учесниците во Мастермајнд
Како ќе пристапам до програмот
Дали доколку пропуштам некој тренинг ќе можам да го гледам
Колку време ми е потребно да се посветам
Дали можам да поставувам прашања
Што плаќаат луѓето на овој програм?
Едноставно... Плаќаат брзина!
Бизнисот е патување на долги стази. Ако треба да одиш од Скопје до Њујорк, дали би одбрал да патуваш со брод, автобус или со авион...или во превод:
За да се искачиш на 200к/год потребно е време. Дали побрзо би одбрал да се мачиш сам преку обиди и грешки или ќе ангажираш ментор кој веќе е таму и помогнал на повеќе од 300 претприемачи и 60 компании?
Ментор кој што има широка слика и секогаш е тука да ти даде фидбек и го пронајдеш најкраткиот и безболен пат.
Ти препорачувам и тебе. Престани да се мачиш сам и да измислуваш топла вода!
Престани да го одолговлекуваш својот успех, чекаш подобро време и веруваш во сопствените изговори кои стравот ти ги сервира!
Вложи време, пари и енергија во себе, бидејќи ти си највредната инвестиција, а најдоброто време за тоа е сега!
И самиот знаеш дека колку и да одолговлекуваш, повторно тој момент ќе биде сега. Не затоа што тоа ќе биде идеален, туку затоа што имаш моќ да бираш кога тој да биде.
Ако сакаш јасност, фокус, енергија и мотивација... пополни ја пријавата сега.
Ако можевме ние, можеш и ти.
Ја кристализирав мојата визија, мисија, изградивме системи
Бранко Илишев косопственик на Смарт клик, Web & SEO агенција. Александар ми беше препорачан од еден близок пријател со кој што подоцна стапивме во контакт, дефиниравме цели, моја визија и каде сакам да се подобрам.
Голема благодарност на Алекскандар што со негова помош јас ја кристализирав мојата визија, мисијата на компанијата, креиравме системи, креиравме идеална понуда, го дефинирав мојот идеален клиент и унапредив уште многу работи во самиот бизнис.
Успеав да променам некои навики, ги подобрив продажните разговори, го зголемив бројот на клиенти
Александар Гиновски сопственик на агенција за недвижности Дарма Дома од Скопје.
Придобивките од Mastermind програмот се огромни за мене во овие месеци каде што сум дел од сето тоа. Успеав да променам доста навики кои претходно сум ги имал. Успеав да ги подобрам продажните разговори, го зголемив и бројот на клиенти кои што секој дневно не контактираат, имајќи потреба од нас.
Топло го препорачувам на секој еден кој што има потреба да направи промена кај себе, да направи промена во својот бизнис и да го издигне на едно повисоко ниво од она што е сега.
Имам чувство дека со промена на мојот мајндсет автоматски ја менувам целата околина околу себе
Охрида Цветановка сопственик на стоматолошка ординација Продента од Скопје.
Се пријавив за овој Mastermind програм со намера да видам до каде сум со моето знаење, меѓу тоа и да научам нешто ново за да можам да го продолжам своето искуство во позитивна конотација. Со тоа што тука запознав прекрасни луѓе, се створија нови пријателства, меѓу тоа се стекнаа и нови знаења.
Причината зошто сум сеуште тука е тоа што имам чувство дека со промена на мојот мајндсет автоматкси ја менувам целата околина околу себе и своите знаења.
Секој оној кој што сака, кој што има потреба да се надоградува и да почне да живее свесно во оваа нова ера, го препорачувам Александар. Ќе има ненормални бенефити за кои самите не се свесни за тоа, меѓу тоа резултатите ќе покажат.
Се здобив со комуникациски вештини, нови вработувања и повеќе слободно време
Лазе Толески сопственик на Ларш меблерконсулт АБ од Гетеборг, Шветска. Изработка на дрвени палети за фабриката Volvo.
На овој програм се пријавив бидејќи имав недостаток на вработени и да ги подобрам состаноците. Се здобив со комуникациски вештини, нови вработувања и повеќе слободно време. Научив и како повеќе да си го ценам слободното време преку избор на клиенти, зголемување на лојалноста на вработените за да имаме повеќе време за себе и семејството. Научив и како подобро да ги проценам луѓето и нивните карактери.
На секому го препорачувам овој програм кој сака да го унапреди својот бизнис, слободно време, кој сака да работи девет часа неделно, да не биде 24/7 на работа, бидејќи бизнисот е да ни служи нас, а не ние да му служиме нему.
Три типа на претприемачи
1. Survivial (преживувач)
На ова ниво се наоѓаат повеќе од 90% од претприемачите, без разлика колку време постои фирмата и повеќето од нив таму остануваат засекогаш.
Симптоми: Тешко доаѓаат до клиенти, немаат редовна наплата, клиентите не го ценат нивниот труд, пониска цена е единствениот критериум за соработка, не професионален тим, честа флуктуација на вработените, сите одлуки ги носи сопственикот, телефонот му ѕвони постојано, мора се да контролира, често се прават грешки, најголемиот дел од продажбата ја носи тој, работи и откако сите ќе си заминат...
Личен живот: нема време за себе и семејството, не се грижи за здравјето, телото, не се бави со физички активности, нема хоби... Кога оди на кафе, викенди, одмори... има чувство како да губи време, се некаде се брза, стрес, нервоза...
2. Lifestyle (живот со стил)
На ова ниво доаѓаат само 7 проценти од претприемачите.
Симтоми: Станува од спиење кога сака, работи колку сака, од каде сака, со кого сака, никаде не се брза, има изградено Self-Managing (Самоуправувачка) компанија па телефонот не му ѕвони, мирен е и спокоен, може да си дозволи слободни викенди колку сака, оди често на одмори, се грижи за своето тело, здрава храна, медитира, се бави со спорт, фитнес, масажа, има хоби, инвестира, буџетира, спокоен, на вработените гледа како на тим кој му го плаќа животниот стил. Прима и дава фидбек.
3. Business Builder
До ова ниво доаѓаат само 3 проценти од претприемачите
Симтоми: Создава лидери, им верува на соработниците, инвестира во други бизниси, носи одлуки со пресметан ризик, допринесува да успеат другите, има огромно влијание над маса луѓе, повлекува со себе луѓе од пониски нивоа, остава капитал и трага во општеството...
Време е да го преобликуваш бизнисот да ти служи, а не ти нему!
АКО НЕ ПРОБАШ НИКОГАШ НЕМА ДА ЗНАЕШ - ПРИЈАВИ СЕ!
КАКО Е КОНЦЕПИРАН ПРОГРАМОТ
Едукативна платформа
Едукативна платформа на која можеш да пристапиш до видео тренинзи како и до снимки од тренинзите во живо.
PDF прирачници
Комплетен прирачник со вежби на кој можеш да се посветиш според твое темпо кое ти одговара.
Менторски групен коучинг
Еднаш неделно групни коучинг сесии на Zoom каде одговарам на прашања и фидбек
Затворена заедница
Заедница со група на претприемачи кои се секогаш тука да ти дадат инспирација и поддршка
Што претприемачите велат за програмот
Овој програм ми овозможи да го погледнам бизнисот од поинаква перспектива. Направив корекција и подобрување на понудата, воведов системи и полека излегувам од оператива.
Снежана Цветковска
сопственик на кетеринг
За еден месец целосно излегов од оператива. Во минатото мислев дека тоа е невозможно, но сега имам повеќе време да работам на бизнисот. Полека работите си доаѓаат на место.
Новица Поповиќ
сопственик на Метал коп
Добив мотивација и увид во доста иновативни решенија. Воведов доста промени во работењето како унапредување на системите, бонус програми, дополнителни гранки.
Гзим Бектеши
сопственик на AG tronik сервис