Политика за приватност
Оваа Политика за приватност ја регулира обработката на личните податоци при посета на веб-страницата www.aleksandarkocoski.com и/или користењето на услугата веб-продажба. Со пристапување на веб-страницата, се согласувате дека сте ја прочитале, разбрале и се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Контролор на личните податоци е Innovative Business dooel Тетово, со седиште на ул. Благоја Тоска бр. 29/33, 1200 Тетово, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.
Категории на лични податоци што ги обработуваме
При посетата на веб-страницата, се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате и кои се неопходни при користење на услугата онлајн купување (нарачка на услуга и нејзино плаќање). Кога ја потврдувате Вашата нарачка, се согласувате со обработката на Вашите лични податоци за целите за кои се дадени.
Кога ја користите услугата онлајн купување, ги обработуваме следниве Ваши лични податоци: име, презиме, поштенска адреса, е-мејл адреса, како и податоци за Вашите трансакции (купувања, нарачки, плаќања и сл.).
Покрај тоа, при посетата на веб-страницата, серверот создава логови со податоци како што се: име на интернет прелистувач, тип и модел на уредот од кој пристапувате, Вашиот оперативен систем и Интернет провајдер, IP (Internet Protocol) адреси кои се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Вашата согласност и прифаќање на „Колачиња“.
Сите активности на веб-страницата ги спроведуваме внатрешно, вклучително и логовите што се создаваат и анализата на податоците пренесени со посетите на нашата веб-страница.
Начин на собирање на личните податоци
Податоците при користење на услугата онлајн купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку „Колачиња“ ако сте се согласиле на тоа (прочитајте ја Политиката за користење колачиња).
Цели за собирање и обработка на Вашите лични податоци
Вашите лични податоци се користат исклучиво за целите за кои се дадени, како што се:
- управување и реализирање на Вашата онлајн нарачка како корисник на веб-страницата;
- обезбедување информации за нашата понуда на услуги и нивно рекламирање преку известувања односно newsletter (освен ако не побарате да бидете отстранети од листата на примачи на известувања или newsletter);
- администрирање на содржината, промоциите и другите функционалности на страницата со цел подобрување на квалитетот и унапредување на нашите услуги;
Во случај да ни дадете лични податоци на трети лица, гарантирате дека сте ги известиле за користењето на нивните лични податоци. Во случај да купите услуга, личните податоци на трети лица кои сте ни ги дале ќе бидат користени исклучиво за спроведување на доставата и решавање на прашања или предлози што можете да ги имате Вие или третото лице.