S1 E11 Како го мериш успехот
Поентата на бизнисот за мене е алат кој ќе ми го плаќа кваилтетот на животот. Ако тоа важи и за тебе, тоа значи дека совршено треба да ни биде јасно како го мериме успехот. Дали по количина на остварувања, по сума на пари, искуства, големина, форма, промет...или по некои други критериуми.
Кога и да се споредуваме со други никогаш нема да бидеме задоволни и среќни, а сето тоа влијае како во сегашен момент се чувствуваме.
Токму во оваа епизода зборувам кој е единствениот правилен начин за мерење на успехот и како ти можеш да го примениш ова кај себе.
Земи си доволно време и направи ги вежбите кои ги споделувам кон крајот.
Доколку сакаш да работиш со мене, најдоброто место да се информираш за актуелните понуди е https://www.aleksandarkocoski.com и секако немој да заборавиш да се претплатиш на мојот newsletter, каде што исто споделувам бесплатни информации и навремено ќе дознаеш за сите бесплатни онлајн тренинзи.