Дали го сакаш клучот во продажбата?
Еве го.
Пред некој ден на Business Mastermind програмот разговаравме за квантниот скок на еден од учесниците.
До мај месец 2024 остваруваше просечна дневна продажба од 2.000€, а продажните разговори им траеле близу еден час.
Покрај тоа што го подобривме неговиот маркетинг да се обраќа јасно и недвосмислено на само одредена целна група, ги разработивме и основните елементи на премиум продажбата.
Но, Кире не само што самиот ги подобри комуникациските способности, тој правеше и вежби со неговиот тим.
Што се случи во месец јуни, само еден месец потоа.
Просечната дневна продажба почна драстично да расте, а до крајот на месец јули се издигна на неверојатни 12.000€.
Денес 19.12.2024 (св.Никола) кога го пишувам овој текст, сеуште го одржуваат истиот просек.
И ако мислиш дека тоа е се, грешка си.
Продажните разговори денес им траат само 20 минути.
На што денес е фокусиран Кире и неговиот тим?
На брзината на испорака!
Во минатото испораката му беше помеѓу 10 и 14 дена, а денес веќе стекна капитал, вработи шест луѓе, инвестираше во ново комби и камион како испораката би ја свел на само 3 дена.
Погледни ја новата поткаст епизода во која зборувам за основните елементи кои ја сочинуваат премиум продажбата.
Толку е едноставно што може да ти се лизне од рацете.
|
Ако ја погледна минатата поткаст епизода во која Дарко зборуваше како започна да одбира клиенти со кои сака да соработува и со огромна самодоверба да ги отфрли останатите еве ја вистината.
Ги примени сите елементи од оваа поткаст епизода.
Штета е што поминуваме половина живот изучувајќи во школските клупи за архитектура, медицина, дизајн, програмирање...
...а скоро и да не станува збор за продажбата и како луѓето да ги затвораат продажбите.
И за самиот крај една информација која можеби ќе ти биде од корист.
Следната 2025 година ќе имаме само еден упис на менторскиот Business Mastermind програм.
Со работа ќе започнеме на половината на месец февруари 2025.
Листата на чекање ти е достапна, а официјално уписот сеуште не е започнат.
Секако предност ќе имаат оние кои се пријавиле на листата.
Ако сеуште не си пријавен/а или не знаеш што се програмот содржи дознај повеќе на овој линк.
Поздрав,
Александар
Responses