Како без вложен денар до нови клиенти?
Кога разговарам со успешни претприемачи и ги прашувам, како нивниот бизнис пораснал?
10 од 10 велат:
“Не препорачуваат задоволните клиенти“
Сега кога и тебе би ти го поставил ова прашање, сигурно ќе ми одговореше идентично.
Кога веќе ова го знаеш и се согласуваш, зошто не би го применил/а во твојот бизнис, но овој пат предвидливо.
Во оваа поткаст епизода зборувам за начинот на кој јас без вложен денар добивав и ден денес добивам нови клиенти.
Овој едноставен модел го применуваат и луѓето кои ги менторирам и функционира секогаш 100% без никаква дилема.
Кога ти нудиш производ или услуга, ти си само уште еден продавач.
Кога клиентите те бараат тебе, ти си експерт.
Те молам прочитај ја уште еднаш оваа изјава и размисли уште еднаш пред да ја отфрлиш оваа идеја.
Кога ова сериозно го сватив и применив, мојот бизнис целосно се промени.
А единствениот начин луѓето да те бараат сами е конзистентно водење на маркетинг и примена на насоките што ги зборувам во видеото.
И за самиот крај еве уште еден совет доколку користиш тестамонијали на веб сајт или социјалните мрежи.
Никогаш, ама баш никогаш немој да користиш зборови кои задоволниот клиент не ги кажал. Тука не мислам за лажирање со користење на финти и манипулации преку лажни слики, постови на измислени клиенти. Тоа секако НЕ!
Немој да ја изменуваш оригиналната изјава!
Пренеси ги изворните зборови кои човекот ги искажал, без да додаваш бисери, украси или да се трудиш тоа да биде литературно.
Премногу идеално сценарио остава сомнеж, а тоа не тоа што го сакаш.
Поздрав,
Александар
П.С Претплати се на мојот Newsletter (ликнот е најдолу на страната) за да бидеш навреме известен/а за бесплатните тренинзи кои секој ги одржувам секој месец.
Responses