Како да го стабилизираш бизнисот додека сеуште имаш време?

Бесплатна мала книга која ќе ти ја открие тајната “ Како да го стабилизираш бизнисот додека сеуште имаш време“

 

За вас ја подготвив оваа мала, но моќна книга Профитабилен бизнис со нула оператива како “мал“ подарок за добредојде. 

 

Стратегија, системи, менаџмент, управување, градење тимови, маркетинг, премиум продажба и уште што не што можеби не сте ниту знаеле дека постои.

 

Од се по малку за сите сегменти во бизнисот и како сите тие области заедно функционираат.

 

Организирајте го вашиот бизнис да работи како часовник и конечно дозволете си слободно време.

Добро, а постои ли навистина тајна?

Ако некогаш сте влегле во некој добро организиран бизнис, можеби сте помислеле дека сопственикот е натпросечно интелигентен или некој јак стои позади тој бизнис. Можеби и сте помислеле дека му се посреќило и пронашол прави луѓе за работа.

 

Направи империја со примената на токму овие методи ( добро, не директно само од оваа книга, но сепак исто е). Користејќи ги методите за унапредување на твојот бизнис во делот на маркетинг, премиум продажба и системи кои сега тебе тука ти ги нудам зааааа неверојатни: 0денари. Бесплатно!

Единствено што можете да изгубите …

 
 … се неколку часа гледање у телефон на Facebook. 

 

 
 

Добрата вест: Вие денеска не морате да ангажирате скапи консултанти, ниту да плаќате врвни менаџери кои ќе треба да ги киднапирате од друг бизнис. Не мора ниту да запишете вондредно факултет сега на овие години.

 

Нема потреба ниту да извадите очи на чат џпт и размислувате со денови, дедека ви дава примери кои можеби и не се применливи во вашиот бизнис.

 

Нема потреба ниту да волонтирате како мене четири години во консултантски фирми и учите од туѓи бизниси. Се што ти е потребно да го стабилизираш бизнисот ќе го пронајдеш тука. Брзо, лесно и ефтино,

 

Дали имаш мал или голем бизнис, 5 или 20 вработени, продаваш скапи производи или имаш услужен бизнис, се додека водиш бизнис, принципите се исти и со мала корекција можеш да ги копираш и примениш во твојот.

 

Маркетинг агенција, производство на мебел, ИТ, Агенција за недвижности, Архитекти, Инжењери… сите имаат исти девет сегменти во бизнисот. Суштината е иста.

На дното на страната можеш да ја преземеш книгата. ⬇️  

А од главоболките кои ќе ги решиш и слободното време кое ќе го обезбедиш, конечно и ти подобри го квалитетот на живот и дозволи си малку воздух. Дозволи си малку време за масажа, сауна, хоби…и наполни ги батериите како човек. Секако дека ќе ти треба енергија кога ќе ги примениш овие тактики, да им објасниш на пријателите како тоа си го променил твојот бизнис да работи на автопилот.

 

⛔️ А сега сериозно… 

Водењето на бизнис е сериозна работа. Особено излегување од оперативни задачи и воведување на системи. Но, без системи и други луѓе, нема ништо од стабилизирањето.

 

Научи како да воведеш системи како врвен стратег. Од системи за маркетинг и генерирање на нови клиенти, до регрутирање, вработување, вовед на вработени…па се до кариерен развој и бонус програми.

 

Се додека постои проблем, постои и решение. И за некои фирми исто е криза, народот нема пари, нема луѓе за работа, нема квалификуван кадар, на младите не им се работи, не се мотивирани… па имаат добро организиран и профитабилен бизнис.

Ако веќе сте превзеле доста чекори и не вродиле со плод…

 

Па дури можеби и сте се советувале со стручни луѓе и сте пробале различни методи, сепак вие сте првиот човек. Повторно од вас се очекува.

 

Можеби сте посетиле и разни семинари, сте оделе на курсеви, дури и вработивте искусни луѓе и повторно се е исто. Тогаш оваа книга е за вас. Тоа е спасот кој го чекавте.

 

Брутално искрен водич кој ќе ти ги каже сите недостатоци.

 

Се што треба да знаете, а немало кој да ви каже, ниту пишува по учебниците. Брутално јасни, просто да и шимпанзо може да ги разбере.

 

Еве што се добивате кога ќе се пријавите денес:

 

  • Профитабилен Бизнис со нула оператива. Оригинален водич на 20тина страници. Точно како да излезете од оператива и извршување на секојдневни досадни работи кои ви го одземаат времето. Детално објаснето типови на претприемачи, нивните замки, сегметни во бизнис и организациска структура. 
  •  Што навистина е важно пред воведување на промени. (Не губете време со глупости кои траат три дена и потоа како ништо да не било)
  •  Кои се твои јаки страни како претприемач и кои луѓе мораш да ги ангажираш.
  •  Работи кои мора веднаш да престанеш да ги правиш инаку ќе се вртиш во круг.
  •  Кои луѓе се штетни за твојот бизнис и мораш веднаш да ги отстраниш.
  •  Како да креираш развојна стратегија чекор по чекор и да не се враќаш секогаш од почеток.
  •  Што денес функционира во дигиталниот маркетинг и дали да плаќаш скапи реклами или постои поинакво решение. (SEO има сеуште простор во регионот)
  •  Што е имел маркетинг и зошто секоја сериозна фирма мора да го имплементира
  •  Што е Funnel и зошто е поважен денес од леб. (Не ти е потребно огромно знаење, туку само малку радозналост)
  •  Зошто често луѓето напуштаат одредени фирми и како тоа да го спречиш.
  •  Како да креираш премиум продажба и продаваш повеќе на истите клиенти
  •  Готови 50+ темплејти за клиентско патување, огласи за вработување, маркетинг кампањи, матрици за клиенти, производи, анализа на вработени, учинок, работни налози
  •  Кои три системи треба да ги имплеметнираш кои ќе ти овозможат секогаш да бидат извршени работите на начин кој ти си замислил

 

Дел од овие теми ќе ги добиеш во книгата, а останатите ќе ти пристигнат на меил со одредено темпо кое ти одговара.

 

И уште многу, многу што може да ви помогне да добиете слобно време и ги наполните џебовите и тоа целосно бесплатно!

Пријави се, додека е џабе.

 

Или барем додека вашите конкуренти не се пријават и кренат во офанзива со методите кои им ги откривам, кои јас и моите клиенти ги применуваме.

 

Од ова место, денес ви препорачувам: Доста вработените и клиентите играат со вас. Дојде време да превземете целосна контрола во ваши раце и воведете ваши вредности во вашиот бизнис.  А конкуренцијата нека прави што сака!

“ Сега е моментот на големи одлуки!“

Пиши го твоето име и меил адреса во полињата подолу и добиваш веднаш пристап. Веднаш ќе ти ја испратам “Профитабилен бизнис со нула оператива“, а останатото ќе ти стига малку по малку….

Што велат другите за книгата и материјалите?

 

“ Ако нешто ти помогне да изградиш профитабилен бизнис, тогаш ова е се што ти треба“      - Ѓорѓија  Бајден

 

“ Дај шта даш па од се може да се научи нешто “    - Перо

 

“ Александар е тежок преварант“     - Критислав Душманоски

 

“ Од кога почнав да ги користам овие методи на Александар, уште малку ми е потребно и конечно да имам годишен одмор кој навистина трае една година“     - Флегматикус Неработников

 

“ Секој ден пливаме, а кога сме мирни и вода ни пуштаат“ - Војче, Демир Хисар

 

“ Полека бе брат многу ветуваш, а ти имаш бизнис или продаваш муда за бубрези“ - Хејтер, Битола

 

 

Добро, ајде да видиме што велат навистина? Па се најдобро нормално. Дури толку им е корисно и упатуваат благодарност што ми е незгодно да ги објавувам искуствата. А всушност и кому е гајле. Пријавете се и одлучете самите дали ви се допаѓа или не и колку ви е корисно.

 

Ја превземаш книгата и ја читаш. Ако има смисла за тебе, еден чекор сме напред. Ако ти користи и имплементираш некоја од методите, си уште еден чекор напред. Од мејловите кои ќе ги добиваш ако ти се корисни и гледаш личен бенефит…топ!

 

Ако испадне дека ова не е за тебе, Бинго! Најдолу во мејлот имаш опција unsubscribe и очи нема да ми видиш :)

Уште се мислиш?

Ајде влагај и се гледаме внатре.

 Кога започнавме бевме едни, а сега сосема други луѓе 

 

Слободан Ризевски сопственик на логистичка компанија RR2 Infinitum.

Кај Александар дојдовме со повеќе проблеми меѓу кои потреба од време за себе, семејството и да излеземе во контакт со клиентите.  Кога започнавме со програмот бевме едни луѓе, а сега сме сосема други луѓе и целосно мотивирани со поголем ентузијазам за работиа од пред почетокот. Времето оперативно за себе го намалив прилично, поставивме системи и почнаа работите да функционираат во добра насока и секако апетитите целосно се зголемија. 

Сите претприемачи кои го достигнале својот максимум во својот капацитет, кои мислат дека се соочуваат со проблеми од аспект на капацитет, добро е да бидат во контакт со Александар. Со оглед на фактот дека многу работи се средуваат со квалитетни луѓе како што е Александар кој што со своите искуства и заедно со групата во Business Mastermind може да ви препорача решавање на проблемите, поставување на задачите и целосна координација на работата во вашата комапнија.

Успеав за многу кратко време да излезам 100% од оператива. 

 

Ружица Николова сопственик текстилна компанија Вивитекс во Гевгелија.

 

Пред учество во програмот станував во 5 часот, правев набрзина план за клучни работи во денот и ако некој порано ми кажеше дека, ако не отвори прва и замине последна, нешто ќе се случи во фирмата. Ќе се симнев во оператива и гасев пожари.

Цело време си велев “мора да постои подобро решение од ова“ оти е не возможно да јас бидам на четири места.

На почетокот имаш ентузијазам, сила, храброст, но веќе гледаш од почеток до сега каде си стигнал,  гледаш дека можеш повеќе од тоа.

Со поминување на годините силата ти се црпи и не си способен за поголем раст.

Сега секој менаџер си го води својот тим, имаме редовни состаноци, а јас сум целосно исклучена од оператива и имам време да се бавам со развојни проекти.